Жена прегазена на влезот од Гостивар, се бори за живот

Четириесетгодишна жена е тешко повредена откако на неа налетало возило во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената со тешки повреди на нозете и 'рбетот е пренесена на скопските клиники каде лекарите се обидуваат да и го спасат животот.
Според СВР Тетово. собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.
Жената била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, по што ќе бидат познати поединостите кои довеле до несреќата.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
