Македонија
1. јуни 2016 - 21:58

Протест во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Приврзаниците на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва повторно одржаа протест во Скопје. Тие бараат целосно укинување на одлуката за аболиција.

Учесниците на протестот се собраа пред Специјалното јавно обвинителство изразувајќи поддршка за неговата работа по што се упатија пред Владата на Република Македонија, каде фрлаа боја кон објектот.

Потоа тие се собраа на плоштадот „Македонија“ каде запалија факели и повторно пуштија боја во фонтаната „Воин на коњ“. Протестот го завршија пред Собранието на Република Македонија.

Протест вечерва одржа и група граѓани на Тетово.