Регионот запрепастен: Снаа од Србија се омажи за свекорот

Во Србија е забележан еден несекојдневен случај. М.М. одлучила да се разведе од својот сопруг и споразумно да се омажи со свекорот. Како причина која се наведува е пензијата на свекорот од 800 евра.
Но, интересно е тоа што во Србија не се ретки ваквите случаеви, напротив, се повеќе ги има. Луѓето ги прават за да си осигураат финансиска стабилност. Според законот, ниту еден матичар не треба да одобри ваков брак без предходна дозвола од судот, но во пракса често е поинаку. М.М се развела од сопругот кога се вратил од странство и не успеал да пронајде сезонска работа и веднаш се омажила за свекорот.
- Сопругот е без работа, јас без работа. Живееме од пензијата на свекорот. Седнавме да се договориме, јас ќе се грижам за него додека не почине, друго ништо се нема променето, засрамено раскажала М.М. Како што вели помеѓу неа и свекорот когаш ништо се нема случено, освен почитување. Спие со својот сега „разведен“ сопруг.
Се е како и предходно освен документите, во селото како што вели само се „шушка“ за нивниот случај. Таа истакнува дека би било штета да прпадне пензијата која не е мала, бидејќи ниту таа ниту сопругот не се вработени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
