Mеѓународен голбал турнир во Крива Паланка

Учествуваа репрезентациите на Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора.
Меѓународниот турнир се одржува повеќе години традиционално, но годинава е наменски, посветен 70-години од формирањето на Сојузот на слепи на Република Македонија и претставува само една од бројните активности посветени на јубилејот.
- Натпреварите се одржуваат по Бергер систем, сите екипи одигруваат меѓусебни дуели, а екипите со најмногу бодови освојуваат пехари и медали. Учествуваат пет екипи, на наше задоволство има и една женска екипа со колеги од Бугарија, што претставува поттик и ние да го развиваме голбалот кај жените по нивниот пример, изјави Коце Димов, претседател на Националната федерација на спортови за слепи и слабовиди лица.
Учесниците од четирите репрезентации учеснички истакнаа дека ваквите турнири и спортскиот ангажман воопшто за нив значат исполнување на времето, одржување на тонусот, добрата физичка форма, но им нудат и можности за дружење и постигнување врвни резултати и успеси.
- Од 20-годишна возраст се занимавам со голбал, голбалот е одлична можност како и секој спорт, воопшто, на лицата со нарушено здравје т.е. хендикеп да им помогне да се интегрираат во општеството, рече Веселин Кушнеренков, голбал-репрезентативец од Бугарија.
Претседателот на Националниот сојуз на слепи на Србија, Петар Вранковиќ истакна дека со голбал се занимавал полни 30 години, но сега не е во можност и само рекреативно го практицира.
- Бев државен репрезентативец на бивша Југославија во голбал и сум освоил олимписко, светско и европско злато. Имам редовни национални признанија како и сите спортисти. Многу ми е драго што сум денес овде, имаме одлична соработка и се надевам добрата пракса на нашите две федерации ќе оди по нагорна линија и во иднина,истакна Вранковиќ.
Централната прослава посевтена на 70-годишниот јубилеј на Сојузот на слепи на Република Македонија ќе се одржи во Скопје, на 15 октомври, Светски ден на белиот стап.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
