Свет
27. May 2016 - 10:15

Сандерс ја призна победата на Клинтон во Кентаки

Демократскиот претендент за претседателски кандидат Берни Сандерс соопшти дека ги прифаќа резултатите од примарните избори во Кентаки, со што неговата ривалка Хилари Клинтон освои уште една победа.

Резултатите од гласањето од 17 мај во Кентаки, каде на барање на Сандерс гласовите беа повторно пребројувани, го покажаа истиот резултат, со што обата кандидати добија ист број делегати - 27, а Клинтон дополнително уште еден глас.

Хилари Клинтон сега има предност над Сандерс од вкупно 272 партиски гласови, но тој изјави дека не планира да се повлече од партиската предизборна трка.