-->
-->
ФИБА го промовира логото за Евробаскет 2017
-->
Светската кошаркарска федерација го промовира логото на следното Европско првенство за мажи кое ќе се одржи следната 2017 година.
Како што информираат од ФИБА, дизајнот на логото за шампионатот е инспирација од идејата дека „кошарката е универзумот сам за себе, и дека во центарот на тој универзум е трофејот на Евробаскетот, со најсветлата ѕвезда Европа’’.
Голема улога во концептот на изгледот на логото имаше и растојанието од север кон југ меѓу четири места (домаќини) на шампионатот: Финска ( Хелсинки), Израел ( Тел Авив), Романија (Клуж) и Турција (Истанбул ), сите со уникатни различни географски и културни традиции, кои секој од домаќините ги носат сами за себе на овој настан.
Европското кошаркарско првенство во 2017 година ќе се одржи во периодот од 31 август до 17 септември, а летово ќе се играат квалификациите.
Македонската репрезентација за место на ЕП ќе се бори против селекциите на Велика Британија, Унгарија и Луксембург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време