Илајџа Вуд: Холивуд е легло на педофили

Илајџа Вуд, кој се прослави во улогата на Хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, кариерата ја почнал во филмот „Враќање во иднината“ кога имал само осум години.
Тој сега тврди дека Холивуд е преполн со педофили и оти можеби и тој бил бил жртва на еден од нив, доколку не го штитела неговата мајка.
Во интервју за „Тајмс оф Лондон“ ѕвездата го споредува злоупотребувањето, кое го трпат децата во шоу бизнисот со британскиот скандал поврзан со покојниот водител на детски емисии на Би-Би-Си, Џими Севил.
Тој вели дека младите глумци се врбувани од моќни фигури во филмската индустрија на приемите и забавите.
- Се е организирано. Има многу змии во оваа индустрија, луѓе на кои единствено важен им е личниот интерес, вели Илајџа.
Тој додава дека жртвите, кои се обидуваат да прозборат за тоа „се уништените, а нивните животи се неповратно оштетени“.
Вуд вели дека тој не одел на таквите забави, бидејќи неговата мајка, повеќе сакала да го одгледа во добар човек, отколку по секоја цена да ја турка неговата кариера.
Триесет и пет годишниот актер верува дека и денес децата ѕвезди трпат злоупотребувања.
Ново на Сител
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
