Џет-Сет
23. May 2016 - 15:58

И Валтер стигна во „Кафеаната на бесмртните"

Легендите кои заминуваат од земјата одат во таканаречената небесна кафеана, која ги собира сите великани. Сега во „Кафеаната на бесмртните" се најде и Велимир Бата Живоиновиќ по веста за неговата смрт синоќа во болница во Белград.

На одамна починатите Павле Вуисиќ, Зоран Радмиловиќ, Душан Прелевиќ Преле, Момо Капор, ТомаЗдравковиќ, Јосиф Татиќ, Бора Тодоровиќ, Петар Краљ, Драгомир Бојаниќ Гидра, како и неодамна починатиот Драган Николиќ им се придружи и Бата.