Живот
22. May 2016 - 10:19

Бебе зачнато на Денот на вљубените се роди со срце на чело

Дали е тоа поради фактот што е зачнато токму на Денот на вљубените или е чиста случајност, но бебето Пупи Реј, родено во ноември има белег во форма на срце и тоа токму на челото.

Пупи сега е шестмесечно бебе, но на вториот ден од раѓањето му се појави црвен белег во форма на срце на челото. Мајката се загрижила, па го однела девојчето на лекар.

Foto: Profimedia/HotSpot Media

Џејн вели дека лекарите ја уверувале дека белегот е само отисок од притисок и дека ќе помине за неколку часа.

-Не можевме да веруваме кога го видовме срцето на најзиното чело, посебно кога сфативме дека е зачната на Денот на вљубените. Каква прекрасна случајност, вели мајката на бебето и додава:

Foto: Profimedia/HotSpot Media

-Тој факт дефинитивно ни ги направи денот на вљубените посебен. Пупи Реј е нешто како наш мал Купидон. не можеме да престанеме да ја сакаме неа и нејзиното лице.

Бидејќи белегот не исчезнал, ја однеле повторно на лекар кој флеката ја препознал како белег и рекол дека може да петтата години од животот на бебето да исчезне, но и повторно да се појави во текот на животот.

Џејн и Лиам едноставно се воодушевени од своето бебе и не би сакале белегот на љубовта да и исчезне.