Балкан
5. August 2015 - 12:40

Силувал малолетничка која ја запознал на Фејсбук - Го признал делото, а судијата го ослободил!

Скандал ја потресе Србија, а српските медиуми на големо пишуваат за тоа. 30-годишниот Предраг Н. признал дека во својот автомобил обљубил 16-годишно девојче, а по сослушувањето во судницата, си отишол дома без да биде казнет. 

Тој, според податоците на српскиот Курир, го запознал девојчето на Фејсбук, а откако подолг период се допишувале, се договориле да се видат на 20 јули, кога тој ја силувал. Насилникот и се претставил под лажно име и со лажна слика на малолетничката. Откако се нашле и и предложил да се повозат, застанал на нива и ја силувал. Девојчето плачело, вриштело и молело, но безуспешно.

Полицијата веднаш го идентификувала, а откако го признал делото, бил пуштен да се брани од слобода што покрена лавина коментари.