Свет
20. May 2016 - 10:39

Еро: Засега нема индикации за причините за уривањето на египетскиот авион

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро изутринава изјави дека нема апсолутно никакви индикации за причините за вчерашната несреќа на египетскиот авион. 

Египетските власти соопштија оти постои можност причина за падот на авионот да е терористички напад.

- Се разгледуваат сите хипотези, но ниту една не преовладува, бидејќи немаме апсолутно никакви индикации за причините, рече Еро за телевизијата Франс-2.

Еро за утре свика средба со семејствата на патниците и претставници на државата со цел да се „добијат целосни и транспарентни имформации“.