Во Радовиш откриен насад со марихуана

Пред неколку дена во 17.20 часот по претходно добиени сознанија од страна на полициски службеници од Радовиш на земјениот пат кој води од с.Бучим према с.Кошево во ниско стеблеста жбунеста шума на површина од околу 50 м2 на ограден простор заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита против град, беа пронајдени засадени стебла најверојатно од растението „Cannabis Sativa„. Истите беа засадени во 16 реда од по околу 8 и 9 стебла во ред , или вкупно 147 стебла од растението, одгледувани на обработливо земјиште. Стеблата се со различна големина од 1,50 м до 2,70 м и истите биле во фаза на цветање.
Од страна на полициските службеници од НК за КР Радовиш, за настанот е известен ОЈО во Струмица по што целиот настан е документиран со видео запис, стеблата се искорнати и донесени во ПС ОН Радовиш за понатамошно постапување.
Од страна на полициските службеници со наредба од Судија на Предходна Постапка извршен е претрес на домот на Г.Е.(27) државјанин на Р.Турција со привремен престој во Р.Македонија потоа кај С.С..(38) од Радовиш и кај лицето И.С.(33) од Радовиш.
По наредба на Јавен Обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во ПС-ОН Радовиш.
Од страна на Судија на Предходна Постапка за Г.Е. донесено е решение за определување на мерка на претпазливост, односно да се јавува повремено во полициска станица во Радовиш и тоа на парни денови во месецот до завршување на претходната постапка, додека за останатите две лица донесени се решенија за определување на мерка на претпазливост со привремено одземање на патните исправи за преминување на државната граница, односно определената мерка на претпазливост да трае се до правосилноста на пресудата.
По целосно документирање на настанот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
