Туск: Алтернативата на ЕУ е политички хаос во Европа
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск говорејќи за можностите за излегување на Велика Британија од Европската унија, изјави дека единствена алтернатива на Унијата е политички хаос.
Изјавата на Туск претставува реакција на Брисел на контроверзната изјава на еден од најголемите заговорници на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, односно т.н. Брегзит, британскиот пратеник и поранешент лондонски градоначалник Борис Џонсон, која Унијата ја спореди со плановите и проектите (за Европа) на нацистичкиот водач Адолф Хитлер.
Туск ваквата изјава ја нарече апсурдна и истакна дека неговиот став се заснова на желбата да ја одбрани својата визија за Европа.
Тој исто така рече дека не може да ги премолчи последните коментари на Џонсон, оценувајќи дека поранешниот градобачалник на Лондон покажал дека „пати од политичка амнезија“.
- Да се браниш не значи дека на некој треба да му одржиш лекција. Британските граѓани сами ќе донесат одлука за тоа и не треба да им се шепоти, особено не од Брисел. Но, кога ќе слушнам дека некој ЕУ ја споредил со плановите и целите на Адолф Хитлер не можам да молчам. Таквите апсурдни аргументи треба целосно да бидат игорнирани, освен кога се изговорени од еден од навлијателните политичари на владејачката партија, рече Туск.
Според него, ЕУ останува брана на можните судири меѓу европските земји. Тој смета дека банална вистина е дека единстената алтернатива на Унијата е политички хаос, враќање кон националниот егоизам и во крајна смисла триумф на антидеморкатските тенденции, кои можат да водат во повторување на историјата.
Џонсон, важна фигура во кампањата за излегување на Велика Британија од ЕУ, за што ќе се одлучува на референдумот на 23 јуни, предизвика критики изјавувајќи дека Хитлер и Наполеон не успеале да ја обединат Европа, а дека Унијата претставува „обид да се стори истото со други методи“.
Тој во меѓувреме соопшти дека останува на своите ставови и на споредбата на ЕУ со плановите на Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер, кога станува збор за поцврстите европски интеграции.
Претставник на групата која води кампања за излез од ЕУ, само забележа дека вклучувањето на европските лидери во кампањата во Велика Британија им оди на рака на оние кои агитираат земјата да ја напушти Унијата.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија