Дејвид Камерон: Брегзит најмногу ќе ги погоди најсиромашните Британци

Најсиромашните и најранливите категории луѓе во Велика Британија, најмногу ќе бидат погодени од економските последици од излегувањето на земјата од ЕУ, предупреди денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.
Во авторски текст во пролабуристичкиот и проопозициски „Дејли Мирор“ Камерон пишува дека напуштањето на Унијата ќе предизвика зголемување на цените и закана за губење на работните мста.
Пораката на конзервативниот премиер во весник кој редовно ги критикува мерките и потезите на неговата влада, се толкува како обид на Камерон да ги покрене лабуристичките гласачи, за да излезат на референдумот од 23 јуни, како и да гласаат за останувањето на земјата во Унијта.
Во заедничка кампања за членството во ЕУ, од денеска низ Британија се министерот за финансии , конзервативецот Џорџ Озборн, како и опозициските политичари, лабуристот Ед Болс и либералдемократот Винс Кејбл.
Текстот со предупредувањето на Камерон, се појавува по контроверзната изјава на поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон, силен активист за напуштање на ЕУ, кој во „Дејли Телеграф“ ја спореди Унијата со „проектите“ на Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер во текот на Вторатат светска војна, за обединување на Европа.
Споредбата на ЕУ со хитлеровите планови предизвика бурна реакција во британската јавност. Поранешниот главен командант на британската армија, сега лорд Бремил, ја осуди изјавата на Џонсон, нарекувајќи ја целосно апсурдна, додека поранешната лабуристичка министрка Ивет Купер изјави дека Џонсон покажува „срамно отсуство“ на проценка.
Доскорешниот градоначалник кој има амбиции да го наследи Камерон, во написот во проториевскиот „Дејли Телеграф“ ја направи таквата споредба за да ги убеди гласачите дека ЕУ се движи кон создавање „супер држава“ иако таквата идеја од пред дестина години, повеќе никој во Брисел не ги споменува.
Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер минатиот месец дури ги осуди настојувањата на ЕУ премногу да се меша во работи за кои земјите членки, самите, побрзо и полесно би се справиле.
Ново на Сител
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
