Македонска делегација на аудиенција кај папата во Ватикан

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, кој ја предводи делегацијата денеска во Ватикан беше примен на аудиенција кај папата Франциско. Средбата со папата е во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.
На средбата Вељаноски му подари на папата Франциско резба со мотиви од флората и фауната од Македонија, како и круна митра со охридски бисери рачно изработена во манастирот Рајчица.
Вељаноски го покани папата да ја посети Македонија.
По аудиенцијата кај папата претседателот на Собранието се сретна и со монсињор Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица.
Попладневно во Базиликата „Санта Марија Маџоре“, јави известувачот на МИА од Рим, неговото блажество архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во присуство на епископот хераклејски г. Климент, монсињор Киро Стојанов и членовите на државната делегација, меѓу кои и Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и амабсадорите Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски, ќе ја благослови Спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Оваа година прв пат, аудиенцијата се одржува на 16 мај, поради обврски на папата Франциско.
Инаку, во Рим од 1960 година традиционално се одбележува овој празник со посета на државна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиопт просветител свети Кирил во црквата „Св. Климент“, а поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија чиноначалствува со молебен на гробот на свети Кирил.
Во 11. век црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија прв пат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.
Ново на Сител
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
