-->
-->
НБА плеј оф: Торонто во финалето на Исток
-->
Кошаркарите на Торонто се изборија за своето прво конференциско финале откако синоќа го победија Мајами со 116:89 и со 4-3 во победи го елиминираа ривалот.
Во мајсторката исклучително расположени беа Лаври и ДеРозан кои постигнаа по 35 односно 28 поени, а центарот Бијомбо имаше 17 поени и 16 скокови.
Во финалето на Исток Торонто ќе игра против Кливленд. Торонто до финалето на конференцијата стигна со две победи од 4-3 (Индијана и Мајами), додека Кливленд беше убедлив и двапати со 4-0 (Детроит и Атланта).
Тимот на Торонто во својата 21.сезона во НБА лигата успеа да се избори за конференциско финале, а тоа досега не го оствариле само три тима: Лос Анџелес Клиперс, Шарлот и Њу Орлеанс.
Финалето на Исток, Кливленд - Торонто почнува во вторник 17.мај, а вечерва се игра првиот дуел од финалето на Запад меѓу Голден Стејт и Оклахома Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рано утринава се запали возило „фолксваген пасат“ на подрачјето на Бит Пазар
-
Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар
-
ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
-
РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот
-
ДУИ: Додека се караат во ВРЕДИ институциите ја деградираат употребата на албанскиот јазик
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брани бугарските позиции
-
ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието
-
Следните денови променливо облачно и нестабилно време