Македонска државна делегација на аудиенција кај папата Франциско

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ја предводи државната делегација која денеска во Ватикан ќе биде примена на аудиенција кај папата Франциско, во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св.Кирил“.
Како што е најавено, по аудиенцијата кај папата Франциско, претседателот на Собранието Вељаноски ќе има средба со монсињор Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица.
Во Базиликата „Санта Марија Маџоре“, неговото блажество архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во присуство на епископот хераклејски г. Климент, монсињор Киро Стојанов и членовите на државната делегација, меѓу кои и Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и амабсадорите Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски, ќе ја благослови Спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Оваа година прв пат, аудиенцијата ќе се одржи на 16 мај, поради обврски на папата Франциско.
Инаку, во Рим од 1960 година традиционално се одбележува овој празник со посета на државна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиопт просветител Свети Кирил во црквата „Св. Климент, а поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил.
Во 11. век црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија прв пат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
