Македонија
14. May 2016 - 17:01
Полицаец удрен од возило - Возачот избегал, но подоцна е приведен
35 годишен тетовец со својот автомобил вчера повредил полицаец кој правел обид да го запре за контрола на булеварот Маршал Тито. Полицаецот добил лекарска помош во тетовската болница, а подоцна и возачот е најден и приведен.
Невнимателноста на возачите и не давањето предност на пешаците е главната причина за чести сообраќајки. Дури 21 пешак се повредени во текот на април и првите десет дена од мај или речиси по еден на секој втор ден.
Жителите на Тетово се согласни дека поради сообраќајниот метеж и постапките на возачите во градот не е безбедно за пешаци. Чести сообраќајки се белжат и кај оние кои користат мотори на тетовските улици.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
