-->
-->
Средношколци на пракса во интернационални компании
-->

Шеснаесет средношколци од Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ - Прилеп имаа можност две недели да работат во интернационални компании во Грција, Хрватска, Португалија и Англија. Следеа практична настава и ги развиваа своите вештини во полето на маркетинг-менаџментот преку неформално учење.
Ова им го овозможи проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ како дел од програмата Еразмус + на Европската комисија, кој го имплементираат партнери од Македонија, Португалија, Англија, Грција и Хрватска.
- Ги согледавме разликите меѓу формалното и неформалното образование и добивме меѓународна пракса на која го искористивме нашето знаење од средното економско училиште, изјави Марија Ѓорѓиоска која беше во Хрватска.
Според Филип Богданоски кој престојуваше во Португалија, теоретското образование стекнато во средното училиште, беше искористено во маркетинг- менаџмент секторот и во текот на меѓународната пракса. - Ги проширивме своите погледи во однос на маркетингот во европските фирми каде што работевме, рече Богданоски.
Младинскиот совет Прилеп, организатор и еден од партнерите на проектот, на средношколците кои ја поминаа обуката им додели Europass Mobility сертификати, како потврда за стекнатите вештини за работни позиции во интеркултурна работна атмосфера.
„Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија меѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите, промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
