Реконципирана музејската поставка во Спомен-собата на Гоце Делчев

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети НУ Конзерваторски центар-Скопје, каде во завршна фаза е спомен-собата на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
- Ние, и во Програмата на Владата ставивме реконципирање на музејските поставки во нашите институции. Спомен-собата на Гоце Делчев е реализирана во таа насока. Се работи за една мултимедијална, интерактивна музејска поставка, која е прекрасно изработена. Идејата е на Румен Ќамилов, а проектот е од огромно и исклучително значење во делот на едукативната мисија, рече Канческа-Милевска.
Таа информира дека посетителите ќе имаат можност да се запознаат со шест историски периоди, карактеристични за Гоце Делчев, со голем број оригинални артефакти и предмети. Учениците и младите генерации тука ќе можат да погледнат голем број документарни филмови и други историски настани карактеристични за револуционерот Гоце Делчев.
Министерката Канческа-Милевска информира дека овој значаен комплекс годишно има над 15 илјади посетители.
- Идејата е овој комплекс да биде меморијален центар за културен натпревар. Тука се гробот на Гоце Делчев, Спомен-собата и еден од најубавите и најпрекрасните иконостаси во црквата „Св.Спас“, рече Канческа-Милевска.
Таа се осврна на годишната програма на Конзерваторски центар-Скопје, на проектот за обнова на фасади во стари градски јадри.
- Лани Конзерваторскиот центар-Скопје заврши голем број на фасади на улица „Илинденска“ и во Старата скопска чаршија. Годинава ќе се реализираат пет фасади, четири во Старата скопска чаршија и фасадата на овој комплекс каде е сместен Конзерваторскиот центар, а ќе биде опфатена и покривната конструкција, рече Канческа-Милевска. Додаде дека во Старата скопска чаршија во завршна фааза е една фасада, а се почнуваат останатите.
Министерката за култура рече дека во завршна фаза е конзервацијата и реконструкцијата на иконите и иконостасот во црквата „Св. Спас“ во Кучевиште, се завршуваат проектите за конзервација и реконструција на Театарот во Скупи, а Спомен-куќата на Лазар Личеноски, ќе се промовира следната година и ќе биде отворена за посетителите. Годинава ќе се почне со конзерваторски истражувања на аквадуктот со цел следната година да почне неговата конзервација. Таа најави дека годинава ќе почне и реконструкцијата на конакот на манастирот „Св.Никола“ во Љубанци.
Директорката на Конзерваторскиот центар-Скопје Ема Петрова информира дека ги набавиле сите материјали кои се однесуваат на животот и делото на Гоце Делчев.
- Румен Ќамилов, кој е автор на концептот на оваа поставка, обработи 300 фотографии кои се собрани од разни архиви, сите филмови што се снимени и поврзани со животот и делото на Гоце Делчев, рече Петрова и додаде дека тоа го изработувале последните две години.
Ново на Сител
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
