Хајндл на средби со претставници на потписниците на договорот од Пржино
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, кој престојува во дводневна посета на земјава, денеска ќе разговара со претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино.
Во пишаната изјава до медиумите вели дека допатувал во Македонија за да се запознае со ситуацијата и посочува дека времето е кратко и оти сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.
- Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот, стои во изјавата на Хајндл, наведе во писмена изјава.
Вчера попладне тој се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Хајндл неодамна беше именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за специјален пратеник на Берлин кој ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.
Ново на Сител
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
-
Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип