Јоханес Хајндл на средби во Македонија
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена Јоханес Хајндл денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде што ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот договор.
Хајндл, како што соопшти Германската амбасада во земјава, ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.
Хајндл е именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.
Доаѓањето на Хајндл во Македонија вчера македонскиот министер за надворешни работи го оцени како позитивен сигнал од Берлин.
- Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во РМ. Има најмалку две работи за кои Германија може да ни помогне. Првата се однесува на зацврстување на кредибилитетот на повеќе повторени ветувања за тоа дека Македонија има иднина во рамки на ЕУ. И мислам дека тоа е сигнал кој треба да го очекуваме од Берлин. И втората работа е сигналот дека постои интерес кај Германија да биде вклучена со што де факто се испраќа и сигнал дека не сме оставени сами на себе во еден долг временски период да имаме неизвесност околу можностите воопшто да се приближуваме кон ЕУ во услови во кои самата ЕУ е соочена со сопствени предизвици, истакна вчера Попоски.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно