Народни собири на ГДОМ за поддршка на избори на 5 јуни

Активисти на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва одржаа собири во Велес, Битола, Берово, Штип и во Кавадарци во знак на поддршка за одржување на предвремените парламентарни избори, распишани за 5 јуни годинива.
ГДОМ порача дека изборите на 5 јуни се единствена опција за решавање на политичката криза во државава со што, како што велат, ќе се овозможат услови за стабилизирање на состојбите и натамошен прогрес на државата.
На собирите во Штип и во Берово беше истакнато дека само со избори на 5 јуни ќе стави крај на кризата која трае предолго и се одразува на функционирањето на државата.
Протестот на ГДОМ во Битола беше посветен на годишнината од трагично загинатите припадници на македонската полиција за време на минатогодишниот инцидент во кумановската „Дива населба“.
- Денешниот ден е тажен затоа што минатата година на 9 мај загинаа осум македонски херои, јунаци кои ја бранеа Македонија. ГДОМ не го заборава херојскиот подвиг на македонските полицијаци, рече граѓанскиот активист Сашко Савевски, кој го осуди бојадисувањето на споменикот на Филип Втори Македонски. Според него, тоа е споменик на македонскиот непокор.
На протестот на ГДОМ во Кавадарци беше истакнато дека само со избори на 5 јуни ќе се дојде до мир на народот и напредок на државата. Пред присутните се обрати градоначалникот Александар Панов, кој истакна дека нивните политички противници сакаат да дојдат на власт без избори.
- За разлика од нас, нашите политички противници сакаат да дојдат на власт без избори. Без да понудат програма и отчет за тоа што го сработиле. Немат програма која им би ја понудиле на граѓаните. Тие никогаш не направиле нешто за пензионерите, работниците, студентите и учениците, рече Панов.
Ново на Сител
-

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта
-

Пожар на депонијата „Краста“, екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово на терен
-

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“
-

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
-

Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство
-

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел
