Воена парада во Москва по повод Денот на победата

Со традиционална воена парада на московскиот Црвен плоштад денеска Русија денеска ја прославува 71-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.
Воената парада во Москва почна во 10 часот по московско време, а се очекува на неа да учествуваат 10.000 лица. На парадата ќе бидат претставени 135 видови воена техника, а над градот ќе летаат 71 воен авион и хеликоптер.
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ќе има свое обраќање на воената парада. На Црвениот плоштад и премиерот Дмитриј Медведев.
По парадата рускиот претседател ќе им се приклучи на ветераните од војната и ќе положи цвеќе на спомениот на Непознатиот јунак, одавајќиим им почит на погинатите, пренесува ТАСС .
И оваа година низ улиците на градот ќе мине Бесмртниот полк. Оваа церемонија, во текот на која учесниците носат фотографии на членови на семејствата кои учествувале во војната, е позната и под називот Бесмртниот полк. Првпат таа била одржана во 2012 година во Томск, а веќе од 2014 година се одржува во 500 градови во седум земји.
Втората светска војна во Европа беше завршена на 9 мај 1945 година, кога се прогласи капитулацијата на нацистичка Германија.
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
