Европско признание за македонски археолог
Македонскиот археолог и експерт за историја на археологијата, д-р Љубен Тевдовски, ја имаше честа пред седумдесет врвни археолози од повеќе европски земји да ја затвори големата археолошка конференција за иднината на европската археологија во Берлин. Негов соговорник во заедничката сесија беше Претседателот на Европската асоцијација на археолози д-р Фелипе Криадо Боадо од Шпанија.
На конференцијата, која се одржа од 5 до 8 мај во Берлинскиот Културфорум, во културното и економско јадро на германската престолнина, учествуваат видни археолози, претставници на регионалните културни канцеларии, музеи и УНЕСКО локалитети од Германија, Шпанија, Обединетото Кралство, Белгија, Шведска, Норвешка, Австрија, Швајцарија, Франција и други европски земји, како и од Соединетите Американски Држави. Домаќин на престижната конференција се германските археолози, а промотор е Европската асоцијација на археолозите.
Претседателката на Германското друштво за праисторија и протоисторија Диане Шерзлер изјави дека обраќањето на македонскиот археолог, кој е поканет како главен говорник и единствен претставник од Балканот, претставува значаен дострел на конференцијата и важна основа за визиите за европската археологија кои ќе произлезат од овој собир.
Конференцијата заврши на 8 мај, со заедничката сесија на главните говорници д-р Тевдовски и д-р Боадо. Македонскиот археолог Љубен Тевдовски зборуваше за иднината на археологијата во периодот на значајни општествени предизвици во Европа, а претседателот на европските археолози се осврна на политичката позиција и влијанието на Европската асоцијација на археолози во креирањето на Европските културни политики. Тој исто така, му се заблагодари на македонскиот археолог за значајниот придонес во овие активности.
По четириесетминутните обраќања на двајцата говорници, археолозите од цела Европа повеќе од половина час дебатираа и им поставуваа прашања на говорниците на значајни теми за професионалниот развој на археологијата и нејзиното место со современите европски општества.
Ново на Сител
-
Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена
-
Вооружен грабеж на комбе со пари во близина на Атина
-
Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба, а не локалната полиција
-
Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
-
Дел од Карпош утре без струја
-
Блинкен ја осуди заканата на Путин со нуклеарно оружје: Тоа е целосно неодговорно
-
Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав
-
Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција