Студенти по индустриско инженерство и менаџмент на прием кај претседателот Иванов
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на Европското здружение на студенти по индустриско инженерство и менаџмент – ЕСТИЕМ, кои во Македонија учествуваат на меѓународнен семинар.
На средбата, на која, како што соопшти Кабинетот на претседателот присуствувале и македонски студенти, членови на ЕСТИМЕ, Иванов беше запознаен со целите на ова здружение, за нивните досега реализирани активности и натамошни планови.
- Македонскиот претседател им посака успех на студентите во нивните идни активности и изрази задоволство од можноста да се сретне со успешни млади луѓе кои се дел од академската елита на повеќе држави ширум светот. Претседателот нагласи дека го радува фактот што студентите отворено зборуваат за сите предизвици, што укажува на нивната подготвеност да придонесат кон унапредување на своите општества. Воедно истакна дека мора да се вложува во младите луѓе, бидејќи тие го предводат техничкиот и технолошкиот напредок во секоја земја, се вели во соопштението.
Во него се додава дека студентите изразиле задоволство од престојот во Македонија и благодарност за поддршката од страна на претседателот Иванов.
На средбата со Претседателот студентите пројавиле и интерес за повеќе теми од областа на науката, образованието и македонската историја, карактеристиките на македонското општество, како и за македонскиот модел на меѓуетнички соживот.
Целта на меѓународниот семинар на кој учествуваат студенти од над 30 држави од Европа и светот е промовирање на македонскиот идентитет и култура.
Земјата ќе биде преставена низ призма на актуелната политичка ситуација, економската состојба со која таа се соочува и учесниците ќе бидат запознаени со импресивната историја и културни богатства кои Македонија ги поседува, посочија македонските студенти, членови на ЕСТИЕМ кои се домаќини на настанот.
Студентите од повеќе земји од светот ќе се запознаат и со положбата на Македонија во Европа, како и со напредокот на земјата во однос на европските и евроатланските интеграции.
Главната цел на ЕСТИЕМ е да ја зголеми комуникацијата и соработката помеѓу студентите по индустриско инженерство и менаџмент во Eвропа.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија