Македонија
6. May 2016 - 11:38

Во Битола втор натпреварувачки ден на Интернационалниот фестивал за монодрама

Интернационалниот фестивал за монодрама „Битола 2016“ продолжува со три нови претстави кои ќе ги изведат актери од Литванија, САД и Македонија.

Според програмата, во 18 часот ќе биде изведена монодрамата „Те чекам, злато“ чии автори се Дарио Фо и Франка Раче, режијата е на Алвидас Визгирда, а ќе настапи Јоланта Поденојте, актерка од Пилиас Театар, Клапејда-Литванија.

Македонскиот актер Мите Грозданов на фестивалот во Битола ќе ја изведе монодрамата „Црв“ чиј автор е Борче Грозданов, додека во вечерниот термин од 22 часот ќе биде изведена монодрамата „33 минути“-кабаре, авторски проект на Бремнер Дути од САД.

Домаќин и организатор на 18.издание на Интернационалниот фестивал за монодрама е НУ Центар за култура-Битола.