Дали можете да ја дешифрирате оваа вонземска порака?
Доколку по некоја случајност не контактираат вонземјани, со некои шифрирани пораки, дали би ги разбрале што ни зборуваат?
Рене Хелер, астрофизичар од Институтот за истражување на Сончевиот систем Макс Планк во Германија сака да открие дали воопшто би препознале вонезмска порака.
Во рамките на СЕТИ предизвици научниците објавиле порака во бинарен код и се надеваат дека некој во светот ќе успее да ја реши.
- Да претпоставиме дека телескопот на Земјата прима серија импулси од неодредени места далеку од Сончевиот систем, велат тие.
- Компјутерскиот алгоритам ја препознава вештачка природа на овие импулси и се покажува дека тие кријат порака, додаваат тие.
Кодот во целсот може да се пронајде на оваа адреса - http://www2.mps.mpg.de/
Решението би требало да ги претставува висина на „вонземјаните“, колку долго живеат, колкав е апаратот со кој испраќаат импулси, колку долго комуницираат со другите делови од галаксијата и колку е стар Сончевиот систем.
Хелер вели дека можете да се здружите со пријателите доколку тоа го сакате, а многумина веќе го прифатиле предизвикот и својот напредок го бележат на Твитер под хаштагот #
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија