Со лабораториски создадени комарци Азија ќе се бори против смртоносниот вид маларија „Денга“
Во кинеската провнција Чангхзо и во неколку држави на југоисточна Азија деновиве во природата се пуштаа неколку милиони комарци „создадени“ во лабораторија.
Овие комарци, најголем број мажјаците, се вештачки заразени со бактеријата „Волбахиа“, која ги стерилизира јајцата на женките. Таквиот биолошки третман за уништување на комарците е поефикасен од обидите за нивно уништување со хемиски средства, бидејки научниите открија дека комарците лесно се адаптираат и стануваат отпорни на хемиските средства за нивно уништување.
Најголем повод за научниците од Кина, кои соработуваа со голем број колеги и лаборатоии во Источна и Југоисточна Азија, беше појавата на видот маларија наречен „Денга“, од чија инфекција од крајот на минатиот век досега починале над 40.000 жители. Најстрашно е тоа што на комарците што ја пренесуваат „Денгата“ не им треба голем влажен простор за положување на јајцата. Најопасни легла биле мали барички и пластични шишиња на чие дно останало малку течност.
Минатата година, во десетина држави на Азија се регистрирани над 80.000 случаи заболени од „Денга“. Покрај јужните делови на Кина, најмасовна појава на маларијата „Денга“ беа забележани во Индонезија, на Филипините и во Виетнам.
Експеримент со лабораториско производство на машки комарци кои ги стерилизираат јајцата на женките прво е изведен на еден остров, а се проценува дека со тоа популацијата на комарци е намалена за најмалку 90 посто.
Со добрата вест за новиот начин за уништување на комарците, научниците од овој дел соопштија и друга, лоша вест. Утрдено е дека јацата на комарците опстојуваат и на темпераура од минус 40 степени, а можат да хибернираат и над 30 години. Заклучокот е изваден по екпериментот на научници од Јапонија и од Индонезија, кои пред 30 години однеле и оставиле јајца од комарци на Јужниот Пол, а од кога смрзнатите јајца биле донесени во Индонезија од нив се развиле комарци. Дел од јајцата биле третирани и со хемиски отрови, но во тропите тие се оплодиле и имале генетски карактеристики поразлични од нивните првобитни семејства.
Ново на Сител
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие