Сите членки на „Вина од Македонија“ го исплатија преземеното грозје во законскиот рок

Здружението „Вина од Македонија“ денеска соопшти дека сите негови членки во целост го исплатија откупеното винско грозје од бербата 2015 година во законски утврдениот рок, 30 април 2016 година.
Здружението бара прецизно и со име да се посочуваат винарниците и откупувачите кои не ја завршиле навремено и во целост својата законска обврска за исплата на грозјето од бербата 2015 година.
Винарските визби Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Риго Импекс, Бовин, Винарија Попов, Камник и Дудин, минатата година откупија околу 76 милиони килограми грозје, за што беше платено повеќе од една милијарда денари. Притоа, зависно од квалитетот на предаденото грозје, поединечните цени се движат од 12 до 20 денар за килограм.
Здружението, како што наведува, се потпира на принципите на професионална соработка, заемна доверба и почитување на законите, поради што, иако со крајни напори и во отежнати услови за стопанисување, грозјето беше исплатено во законскиот рок.
- Бараме и очекуваме, во име на објективно информирање на јавноста, сите винарии и откупувачи кои не ја завршиле својата законска обврска навреме да бидат посочени со точен назив. На тој начин, нема да се дестимулираат откупувачите кои навреме и во целост ги почитуваат преземените обврски и ќе се испрати порака за еднакви услови на стопанисување за сите субјекти на пазарот, порачува Здружението.
Истовремено, „Вина од Македонија“ ги повикува сите страни вклучени во организацијата на откупот на грозјето на дијалог за новонастанатите услови по скратувањето на рокот за исплата на грозјето за три месеци, со цел навремено да се изнајде нов бизнис модел кој ќе гарантира одржлив развој на целокупната винска индустрија и лозарството во Македонија.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
