Хакери на ИД им се заканија на илјадници жители на Њујорк
Група хакери поврзани со Исламска држава на интернет објави листа со илјадници имиња на жители на Њујорк и ги повика своите следбеници да ги нападнат, изјави неименуван извор од американската служба за безбедност.
Тој посочи дека не верува оти станува збор за кредибилна закана, но федералните агенти и полицијата во Њујорк се во контакт со поединци од листата.
- Иако наша стандардна пракса е да не ги коментираме специфичните оперативни мерки и прашања поврзани за истрагата, ФБИ рутински ги информира поединците и организациите собрани во текот на истрагата, што може да се сфати како потенцијална закана, се наведува во соопштението на Федералното истражно биро.
На листата се имиња, куќни и интернет адреси на 3.600 луѓе од Њујорк.
Минатата година, група поврзана со ИД на интернет објави, како што тврдеше, имиња, адреси и фотографии на 100 припадници на американската војска и побара од своите приврзаници да ги убијат.
Од 2013 година до денес во САД се уапсени повеќе од 70 поединци поради обид да ја поддржат ИД.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија