Зоран знае кој ја има убиено Јелена - ова е причината зошто не кажува
Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ според сомневањата на полицијата знае кој ја убил неговата сопруга, но од страв за својот живот и животот на неговата ќерка не сака да каже.
Инспекторите се надеваат дека во наредните денови ќе собере сили и ќе раскаже се што знае за човекот кој свирепо ја уби неговата сопруга.
- На сите ни е сомнително што семејството не сака да соработува со полицијата. Ни даваа штури информации за исчезнувањето на Јелена... На полиграфот паднаа на прашањата за убиството. Имаме впечаток дека некого штитат , објаснува соговорникот за српски ало.
И самиот Зоран во еден од многубројните интервјуа рекол дека „убиецот на Јелена веројатно бил на погребот“. Меѓутоа, не сакаше да прецизира кој би можел да биде тоа.
- Освен него, приказната дека на денот на исчензувањето била со него и ќерката на наспиот, никој не може да потврди. Нејзината мајка Зорица во полиција рекла дека ќерка и се јавила да и каже дека ќе оди да трча и дека наскоро ќе дојде кај неа. Меѓтоа Јелена не и кажала каде трча, ни со кого...објаснува соговорникот.
Речиси месец дена се трага по убиецот, сведоци нема , а ни осомничени. Полицијата е речиси секој ден во Борча каде бара некаква трага, а клучниот доказ за ова убиство би било оружјето со кое таа била убиена. но за жал ни тоа не е пронајдено.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350