Туск: Значително намален илегалниот тек на миграцијата

Претседателот на Европскиот совет Доналд Тукс изјави вчера дека минатомесечната спогодба меѓу Турција и Европската унија за решавање на проблемот со приливот на мигрантите почнала да дава резултати.
- Видовме значително намалување на текот на илегалната миграција, рече Туск.
Тој за време на посетата на Турција ја пофали таа земја како најдобар пример за тоа како бегалците треба да бидат третирани.
- ЕУ ќе потроши една милијарда евра ова лето за проекти за подобрување на животот на сириските бегалци, изјави вчера Туск на прес-конференцијата во Газиантеп.
Канцеларката Меркел допатува вчера попладне со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс во градот Газиантеп, во обид да дадат поттик за примената на спогодбата меѓу ЕУ и Анкара за решавање на бегалската криза, а на аеродромот ги пречека турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
