-->
-->
Примера:Нови победи на водечкото трио
-->

Барселона, Атлетико и Реал забележаа победи во натпреварите од 35.коло во Примера. Барса рутунски славеше над Спортинг, Атлетико се мачеше против Малага, додека Реал со пресврт славеше против Рајо Ваљекано.
Барселона против Спортинг забележа победа од 6:0. Луис Суарез постигна четири гола, а по еднаш беа стрелци Меси и Нејмар. Уругваецот два натпревари по ред постигнува по четири гола и успеа да го мина на Роналдо на првото место, на листата на најдобри стрелци.
Барса со овие шест гола стигна до бројката од 102 во превенството, два гола повеќе имаат постигнато фудбалерите на Реал.
Атлетико се мачеше со Малага но успеа да освои три бода, со кои остана во трката за титулата. Резервистот Анхел Кореа, во игра влезе во 57.минута, а пет минути подоцна го реши победникот.
Реал на „Ваљекас“ имае негатива од два гола по само 15 минути игра, но иако играше без Роналдо успеа да направи целосен пресврт со головите на Бејл (два) и Лукас Васкез.
На три кола до крајот на Примера Барселона и Атлетико имаат по 82 бода, а Реал е еден бод зад нив. Во наредното коло Барселона гостува во Севилја кај Бетис, Атлетико ќе го пречека Рајо Ваљекано, а во Сан Себастијан Реал Сосиедад ќе игра против мадридски Реал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неверојатен медицински случај од Индија: Лекари извадиле 526 „заби“ од устата на 7-годишно момче
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
-

Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса
