Брена потроши 50.000 евра на станот во Монте Карло

По две децении Лепа Брена одлучи да ги преуреди просториите во кои секоја година летува со пријателките.
Имено, пејачката и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ издвоија околу 50.000 евра за преуредување на ентериерот во станот во Монте Карло. Тие одлучиле да го сменат целиот мебел во станот на Азурниот брег кој се простира на 150 м2 и кој има голем дневен престој, две кујни, голема тераса, спална соба и три гостински соби.
Се под конец
-Брена го обожува станот во Монте Карло зошто таму има целосен мир. Таа секоја година оди таму со пријателките на летување, но некогаш има обичај и само да побегне таму на неколку дена за да ги наполни батериите. Бидејќи кај Брена се е под конец, таа одлучи да направи некои промени во ентериерот. На крајот одлучи да го смени целиот мебел, вели доброинформиран извор.

И се може
По овој повод, изјави не дадоа ниту Брена ниту Боба.
Инаку пејачката во последно време почна многу да троши. Себеси се почести во „Мајбах Ѕ500“, кој во зависност од опремата може да чини и до милион евра. Фолк ѕвездата автомобилот го пазареше на лизинг од колешката Драгана Мирковиќ зошто овој автомобил важи за еден од најскапите во светот. Сакаше некоја поелегантна верзија зошто почесто возела џипови, па сега во луксузното возило ужива целото семејство, а неодамна неговиот сопруг и синот Виктор на автопат ги запрела полиција со „мајбахот“ поради преголема брзина. Пред тоа пејачката за полнолетството на најмладиот син потроши 30.000 евра.
Ноле и Сандра и се соседи во Монте Карло
Во близина на станот на Брена живее и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена и синот Стефан. Монако е омилен меѓу тенисерите, па тука недвижности имаат и Борис Бекер, Горан Иванишевиќ, Бјорн Борг, Марио Анчиќ... Неодамна во Монте Карло стан на година дена изнајми и Сандра Мељничек со сопругот Андреј.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
