Чакарески: Вината е на теренот, но и Тунис беше подобро подготвен од нас

Свое излагање за случувањата на Олимписките квалификации во Гдањск на седницата на Управниот одбор имаше и директорот на репрезентација Милчо Чакарески:
Во првите 12 минути ни се случи тоа што ни се случи – Тунис беше максимално фокусиран за победа, ние освен Кире Лазаров немавме играч кој беше на посакуваното ниво. Треба да сме реални и да кажеме дека вториот наш бек, Филип Миркуловски, одигра два најлоши натпревари во кариерата. Столе и Дејан немаат минутажа во Вардар, Јоноски од еден победнички менталитет во Металург е влезен во губитнички со Балинген, бидејќи се бори за опстанок. Би се дрзнал да кажам дека она што му се случи на Металург по СП во Катар сега се одрази врз настапот на репрезентацијата“ – изјави директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески.
Ново на Сител
-

Приведен 58 годишник од Крушево, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и револвер
-

Најмалку 37 повредени во земјотрес што ја потресе централна Јапонија
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
