Професор Калајџиев заедно со хулиганите инструирани од Заев го нарушува јавниот ред

Хулиганите поттикнати од СДСМ и СОРОС со денови дивеат низ главниот град, уништуваат објекти, плукаат по историјата, сквернават спомен обележја. На нивните протести во првите редови често е опозицискиот лидер и челниците на партијата во опозиција.
Професорот Гордан Калајџиев од СДСМ денес беше дел од толпата инструирана од Зоран Заев и опозицијата која со денови ги вандализира објектите и спомен обележјата низ Скопје и ја напаѓа македонската полиција.
За скандалот да биде поголем, Калајџиев е професорот кој е еден од креаторите на Законот за кривична постапка. Тој многу добро знае дека со вакво насилничко однесување прекршува закони.
Калајџиев е универзитетски професор и ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.
Правна поука за насилниот професор кој целосно се стави во служба на интересите на Заев и СДСМ:

Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
