Мисајловски: За два-три месеци договор и почеток на изградба на експресниот пат Штип-Кочани
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски очекува за два до три месеци да се потпише договор и да почне изградбата на експресниот пат Штип-Кочани.
- Тендерот е завршен, а понудите се во фаза на евалуација и очекуваме за 2 до 3 месеци да се потпише договор и да се започне со изградба, изјави Мисајловски кој денеска ги посети општините Чешиново и Облешево и Карбинци.
Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Инвестицијата изнесува 21 милион евра, обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој.
Мисајловски, директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП „Македонија пат“, и градоначалниците на Чешиново и Облешево и Карбинци извршија увид на изградениот мост кај Пишица и на градежните активности за изградба на регионалниот пат од Карбинци до Зрновци.
Според Мисајловски, мостот кај Пишица е многу значаен проект бидејќи неговата изградба беше едно од најголемите барања на жителите од овој регион.
- Мостот е долг 51 метар инвестиција од 21 милион денари. Исто така на овој потег преку ЈП Македонија пат се изгради една делница од мостот до регионалниот пат кај село Пишица инвестиција од 10 милиони денари со што целиот проект се комплетира и се овозможи поврзување помеѓу општините Кочани со Чешиново и Облешево и сите останати населени места што гравитираат на овој регионален пат, изјави Мисајловски.
За жителите на осум населени места од општините Карбинци, Зрновци и Чешиново и Облешево, посочи Мисајловски, е значајна и изградбата на регионалниот пат Карбинци – Зрновци, со инвестиција од 50 милиони денари.
- Изградбата на овој регионален пат се одвива фазно во неколку години. За оваа година предвидено е да се изгради од страна на село Аргулица, а патот целосно ќе се комплетира наредната година, изјави директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.
Изградбата на овие инфраструктурни проекти се од големо значење за овој регион особено за подобра комуникација меѓу населените места во овие општини, оценија градоначалниците на општина Чешиново и Облешево Костадин Личков и Зоран Минов, градоначалник на општината Карбинци.
На новинарско прашање за изградбата на експресниот пат Штип – Кочани министерот за транспорт Мисајловски изјави дека тендерот е завршен, а понудите се во фаза на евалуација и очекуваме за 2 до 3 месеци да се потпише договор и да се започне со изградба.
Ново на Сител
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
-
Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени