Лани во Македонија 620.328 тони комунален отпад

Вкупното количество собран комунален отпад во Македонија лани минатата година изнесувало 620.328 тони и споредено со 2014 година бележи зголемување од 8,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголемо количество собран комунален отпад има во Скопскиот регион, 151.592 тона или 24,4 проценти од вкупно собраното количество во државава.
Според ДЗС, од вкупното количество комунален отпад, 499.658 тони или 81 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 19 проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешан комунален отпад, 533.721 тони или 86 проценти, а најмало количество e отпад од гума, 1.395 тони или 0,2 процента од вкупното количество собран комунален отпад.
Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2015 година изнесува 786.182 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2015 година изнесува 380 килограми по жител, што е за 2,7 проценти повеќе од 2014 година.
Најголемо количество на собран комунален отпад (99,4 проценти) се отстранува на депонија.
Ново на Сител
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
