Живот
19. April 2016 - 8:45

Метеоролошки инструменти од 1901 година и денес го покажуваат времето

Машина стара 115 години веројатно е единствената во Хрватска во која барограф со мастило се упте ги запишува податоците и покажува какво ќе биде времето утре. - Старата машина бара средена куќичка. Штета би било времето да ја докрајчи поради лошиот покрив над глава

Градската метеоролошка станица во Цриквеница го прослави својот 115 роденден. Градот ја отвори својата станица на 1 јануари 1901 година со финансиска помош на тогашната општина и Здружението за развој и разубавување на Цриквеница и околината, основано во 1897 година.

Членови на Здружението биле тогашниот општински градоначалник Бољфо Костренчиќ, Иван Полиќ, Иван Скомержа и Милан Кључец. Целта на Здружението била со зборови и дела да го поддржат уредувањето и разубавувањето на градот и околината и престојот на домашните и странските посетители да го направат поубав и покомотен.

Некој ќе се запраша зошто да се величи машина стара 115 години во паркот, кога првата станица во Цриквеница е отворена десет години пред тоа. Машината стара 115 години е важна бидејќи е градска, а денес е уште поважна бидејќи во неа се наоѓаат оригинални инструменти стари колку и станицата. Барограф, термометар, хигрометар и барометар.

Мал музеј

Практично, Цриквеница има мал музеј за метеорологија во својот двор. Здружението по основањето на станицата нашло соба која ги отчитувала податоците, така се зачувани сите податоци наназад 115 години.

- Градот Цриквеница од секогаш покажувал грижа за станицата, така благодарение на градот и работниците на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХНЗ) кои ги сервисирале инструментите по неколку години, зачувани се оригиналните инструменти. Успеав да ги соберам сите метеоролошки записи и слики на сите набљудувачи од 1891 година до денес. На зачуваните историски податоци можат многумина да ни позавидат. Желба ми е сите податоци да ги објавиме во книга, Цриквеница да го најде заслуженото место во историјата на метеорологијата во Хрватска, вели метерорологот Анѓелка Радил, додавајќи дека ДХМЗ пред неколку децении објавил книга со зачувани метеоролошки податоци од повеќе хрватски градови меѓу кои е и Цриквеница.

И што велат старите правливи книги за месецот чии листови од календарот ги симнуваме овие денови. Имало се, а за стабилноста на времето кое го потенцираме кога со приказни ќе се вратиме во минатото, нема збор.

Големи се отстапувањата од максималните до минималните температури во април. На пример, во 1896 година температурата се качувала до 22 степен, но и паѓала половина степен под нулата. Во 1899 година имало најтопол април со 24,4 степени, а истиот месец во истата година забележана е и најниска температура од минус 6 степени.

- Положбата на Цриквеница ни подари поволни климатски услови. Голем број на сончеви часови преку целата година, поволно струење на воздухот, чисто море, во Цриквеница се судираат морскиот и планинскиот воздух од крајбрежните ридови. Ништо подобро не можеме да посакаме за нашиот град. Освен добро рекламирање, вели Радил, која ги отчитува сите три метеоролошки станици во Цриквеница.

Имено, покрај 115 години старата градска метеоролошка станица во паркот, во Цриквеница една покрај друга покрај градската плажа се наоѓа станицата на ДХМЗ со традиција долга 125 години и градската автоматска станица.

Старата станица бара средена куќичка. Штета би било времето да ја докрајчи, поради лошиот покрив над главата. Станицата стара 115 години веројатно е единствена во Хрватска во која барографот со мастило ги запишува податоците и ни открива какво ќе биде времето утре. 

Нови Лист - Ријека