-->
-->
Димовски побара реставрација на Велешкото кале и мостот во Богомила
-->
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната седница посветена за поставување пратенички прашања го отвори прашањето за стариот мост во населеното место Богомила, кој што претставува споменик на културата од 1953 година, односно рустикален мост кој што е со големо културно значење за Република Македонија.
Димовски нагласи дека ова е единствениот мост во Богомила кој што се користи за редовен транспорт на луѓе и стока. Поради фрекфентноста над овој мост од тешки товарни и моторни возила постои опаснот овој мост да биде значително оштетен и истиот да предизвика штета од културно значење, но и загуба за граѓаните од ова населено место и околијата.
Исто така, Димовски постави прашање до Министерството за култура и наука околу археолошкиот локалитет Велешко кале, кое што значаен локалитет за велешкиот регион кој досега открил доста значајни археолошки пронајдоци кои се од големо историско значење на овој регион но и за Република Македонија.
Димовски побара од Министерството за култура и наука да размисли за инвестиции околу овој локалитет како инфраструктурно поврзување со градот, продолжување со археолошките ископувања и други активности кои би придонеле за туристичка промоција на овој локалитет.
Заменик Министерот за култура Драган Недељковиќ ја поздрави иницијативата од страна на пратеникот Димовски и нагласи дека со наредниот план за 2016 година кој што преку годишна програма ќе биде распишан во месец септември, локалната самоуправа да конкурира со проектите за мостот во Богомила и Велешкото кале.
Заменик министерот исто посочи дека после дополнителните анализи се надева дека ќе се изврши реставрација и конзервација за двата проекти .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес