Кривични пријави за неодговорно постапување со отпад во Тетово
Тетовското комунално претријатие и директорот се соочуваат со обвинителен предлог што до Судот неделава го поднесе Обвинителството поради загрозување на животната средина и природа со отпад. Се однесува на претоварната станица за комунален отпад на влезот во градот која според обвинението влијае директно врз загадувањето на воздухот и ги загрозува жителите. Тетовци кои живеат во близина велат дека поради складираниот отпад таму се чувствуваат тегоби по здравјето.
Директорот на ЈКП Тетово Џелал Цека, не го коментираше потегот на Обвинилстеството. Вели дека како што најави локалната самоуправа проблемот со станицата долгорочно ќе се надминува со изградба на затворен објект каде ќе се врши претовар на отпадот како и рециклирање.
Според директорот на комуналното претријатие наскоро советот на Општина Тетово треба да избере една од трите локаци за објектот по што се очекува почеток на градежните работи.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
