-->
-->
Ѓорческа запрена во полуфиналето на фјучрсот во Истанбул
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во полуфиналето на фјучрсот во Истанбул (50.000 долари). Таа денеска загуби од Барбора Стефкова од Чешка со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) и со тоа е прекината серија од шест победи на нашата тенисерка на овој турнир.
Силниот ритам и серијата мечеви, како и повредата на зглобот оставија траг во играта на Ѓорческа, која од квалификациите стигна на главниот турнир.
Нашата тенисерка беше алтернатива и за настап во квалификациите на ВТА турнирот во Истанбул што почнува од недела, но поради повредата на зглобот ќе мора да направи пауза.
Стефкова имаше три брејка, а Ѓорческа ниту еден. Во првиот Сетфкова брејк напарви во четвртиот гем кога поведе со 3:1, а во вториот сет Ѓорческа водеше со 3:2 во гемови, но ривалката потоа имаше серија од четири гема (два брејка).
За пласманот во полуфиналето Ѓорческа ќе освои 29 поени кои ќе и бидат впишани следниот понеделник и би требало да се спушти под 300 место на ВТА листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток