Вицепремиерот Адеми се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија
Заменик - претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Воутер Пломп.
Од кабинетот на заменик-претседателот на Владата соопштија дека за време на средбата, Адеми накусо информирал за неговото учество на неформалниот министерски состанок на Советот за општи работи во Амстердам. Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Пломп, исто така, се осврнале на актуелните политички случувања во земјата, особено од последните денови, при што била истакната важноста во наредниот период да се преземат чекори во насока на исполнување на обврските од Политичкиот договор и обезбедување услови за спроведување на демократски и кредибилни избори.
Соговорниците се осврнале и на спроведувањето на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети и се согласиле дека е потребно и во наредниот период да се задржи фокусот на овие активности кои се клучни за европската перспектива на земјата.
Адеми и Пломп размениле мислење и за предизвиците и активностите за справување со мигрантската криза при што се осврнале и на состојбата и неодамнешните инциденти на македонско - грчката граница.
Вицепремиерот Адеми во текот на разговорот истакнал дека пријателската соработка меѓу двете земји не само што треба да продолжи, туку треба и да се продлабочи. Тој воедно се заблагодарил и за досегашната принципиелна поддршка на Кралството Холандија, вклучително и за време на претседавањето со ЕУ, нагласувајќи дека кризата со мигрантите и бегалците покажува колку е значајно сите земји од Западен Балкан да бидат интегрирани во ЕУ што поскоро.
Ново на Сител
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски
-
СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани
-
Фатен 39-годишен бегалец од затвор
-
Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград