-->
-->
Џиновскиот питон: Уловена најголемата змија на светот!
-->
На едно градилиште во малезискиот град Паја Терубонг е фатен огромен питон кој веројатно ќе ја преземе титулата за најдолга змија некогаш уловена, пишува Guardian.
Станува збор за мрежест питон за кого иницијалните мерења покажале дека е долг околу 8 метри. Тој вид на питон живее на подрачјето на Југоисточна Азија и се смета за најдолга змија на светот.
Оваа змија работниците ја забележале во четвртокот и веднаш ги повикале надлежните служби да го фатат џиновскиот рептил. На самото место пристигнала Малезиската цивилна служба чии работници ја уловиле змијата откако половина час ја местеле замката.
Припадникот на оваа служба, Херме Херисјам, кој и го фотографирал уловениот питон, за Guardian ги открил неговите точни мерки:
"Долг е околу 8 метри и тежок 250 килограми", рекол Херисјам.
Доколку овие мерки се потврдат, оваа неименувана змија ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолга на светот. Моментално таа чест ја има мрежестиот питон со име Медуза, кој е долг 7.67 метри и тежок 158,8 килограми, а се наоѓа во Канзас Сити. Пред Медуза таа титула ја имала змијата Флафи, долга 7,3 метри.
Иако приказните за џиновските змии долги повеќе од 10 метри кружат уште од времето кога човекот ги измислил мерните единици, засега ниедна таква не била уловена жива. Но, кој знае што крие Амазон и прашумите во Југоисточна Азија...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија