Свет
12. April 2016 - 22:18

Жан-Ив ле Дриан: Има докази дека ИД употребила хемиско оружје

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан изјави дека постојат докази оти џихадистичката група Исламска држава употребила хемиско оружје во Ирак.

- ИД ги употребува сите средства. Постојат докази за употреба на хемиско оружје против цивили и локални сили, истакна Ле Дриан пред француските војници кои ги обучуваат курдските милиции Пешмерга во градот Ербил во северниот дел на Ирак.

Француски воен претставник нагласи дека „претходно ИД употребувала хлор, кој обично се користел за индустриски цели. сега џихадистите употребуваат иприт, супстанца од времето на Првата светска војна“.