-->
-->
Руските екипи нема да бидат санкционирани од Евролигата
-->
По одлуката на Светската кошаркарска федерација ФИБА за суспензија на Русија од сите натпреварувања, се јави и првиот човек на кошаркарската Евролига Џорди Бартомеу, кој изјави дека ова решние не важи на руските екипи што настапуваат во Евролигата.
- Сакам да потврдам дека оваа одлука не се однесува на настапот на руските екипи кои се натпреваруваат во рамките на Евролигата, рече Бартомеу.
ФИБА ја дисквалификуваше Русија во средата и таа нема право на настап на претстојното Европско првенство. Според ТАСС, дисквалификацијата на Русија се однесува само за официјалните натпревари, но не и за пријателски средби.
Според медиумите во Русија, причината за дисквалификацијата е тоа што во 2013 година Судот во Москва се мешал во работата на рускиот Кошаркарски сојуз, кога биле одржани избори за претседател на федерацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени