Бизнис
12. April 2016 - 16:21

Субвенциите за систем капка по капка шанса за повеќекратно повисоки приходи

Поддршката од 80 отсто за системот капка по капка и ископ на бунари на земјоделците им нуди голема можност за остварување неколкупати поголеми приходи.

Проектот кој што го промовираше Груевски преставува начин да се зголеми производството и и да се добие на квалитет.

Примерите покажуваат дека ако без ваков систем приходот на земјоделец кој одгледува пченка со вклучени субвенции по хектар  изнесува 48 700 денари, од кој субвенции се 13 илјади денари. Со примена на системот капка по капка од еден хектар приход заедно со субвенциите изнесува 123 500 денари. Односно вкупните приходи се зголемуваат за 74 илјади денари по хектар или приходите се за 5,5 пати повисоки од субвенциите.

Мерката ја поздравуваат лидерите на земјоделските здруженија и задругите.

Трошоците за инсталирање на системот капка по капка се враќаат за само една година. Трошокот за систем за наводнување на пченка по хектар изнесува 123.000 денари од кои 98 000 денари односно 80% ќе покрие државата, а остатокот го обезбедува корисникот. 

Земјоделците кои го користат овој систем велат дека приходот е за три пати поголем од инвестицијата.

Според најавите, апликации за овие субвенции би се примале од октомври, а мерката ќе се применува од јануари догодина.