-->
-->
НБА: Хјустон на победа од плеј-офот
-->

Екипата на Хјустон за која многумина прогнозираа дека може да се бори за титулата во Западната конференција, по се изгледа во последните две средби низ „малата врата“ ќе избори пласман во плејофот. Хјустон, изминатата ноќ победи во Минесота (129:105), а директниот конкурент во борбата за осмата позиција Јута загуби од Далас (101:92).
Далас, предводен од Дерон Вилијамс со 23 и Дирк Новицки со 22 коша, ја победи Јута и ги реши сите грижи околу пласманот во плеј офот. Далас има скор од 42 победи и 39 порази, а Јута 40 победи и 41 пораз колку што има и Хјустон.
Хјустон во последниот меч ќе игра против Сакраменто, а Јута ќе ги пречека ЛА Лејкерси. Во случај двата тима да завршат со исдт број на победи и порази, Хјустон ќе биде во предност поради подобриот меѓусебен скор.
Хјустон до убедливата победа над Минесота го предводеше Џејмс Харден со 34 поени.
Оклахома, плејофот ќе го започне од третата позиција во Западната конференција. Тандер изминатата ноќ ги декласираа Лејкерси 112:79. Дурент постигна 34 поени, а Вестбрук забележа уште еден „трипл дабл“ (13 поени, 10 скокови, 14 асистенции).
Кливленд, предводен од Ирвинг и Џејмс кои постигнаа 35 односно 34 поени, славеше над Атланта (109:94) и го обезбеди првото место во Источната конференција.
На другите натпревари Чикаго го совлада Њу Орлеанс 121:116, Вашингтон го надигра Бруклин 120:111, Шарлот го совлада Бостон 114:100, а Орландо го победи Милвоки 107:98.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
