Романот „Враќање на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Чешка

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве е објавен во Чешка, во издание на „Одеон“ од Прага во рамки на едицијата „Светска библиотека“. Делото го преведоеа Дагмар и Иван Доровски.
Во исто време со појавувањето на романот „Враќањето на зборовите“ на чешки, списанието „Литерарни новини“ од Прага објави подолг фрагмент од делото пропратен со изјава на уредникот на „Одеон“ Јиндржих Јузл.
- Во едицијата „Светска библиотека“, која е водечка во нашата издавачка куќа, излезе од печат 180-тиот наслов, романот „Враќањето на зборовите“ од македонскиот автор Гоце Смилевски. Во истата едиција наскоро ги објавуваме и делата на Харуки Мураками, Џон Ирвинг и Мишел Уелбек, вели Јузл.
Во препораката на издавачот се подвлекува дека романот на Смилевски „по многу нешта е невообичаен, и потсетува на прозата на Умберто Еко“.
Во 2013 година издавачката куќа „Одеон“ на чешки јазик го објави романот на Смилевски „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Делото предизвика големо интересирање кај читателите и до сега на чешки јазик доживеа три изданија.
Инаку, романите „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот.
Романот „Враќањето на зборовите“ на македонски јазик беше објавен минатата година во издание на „Дијалог“ од Скопје.
Ново на Сител
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
